4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски: Регионалните развојни проекти се охрабрување за справувањето со бројните регионални грижи

Попоски: Регионалните развојни проекти се охрабрување за справувањето со бројните регионални грижи

poposki1trhbgrh5r4y5r4y45

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во вторникот учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Состанокот го отвори претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, кој во својство на претседавач со ПСЈИЕ ги изложи акцентите и активностите вo текот на претседавањетo со процесот.

Претставниците од земјите членки усвоија заедничка  изјава за тероризмот. Во својата интервенција, Попоски посочи дека „реализацијата на развојните проекти со регионално значење се охрабрување за справување со бројни заеднички регионални грижи“.

„Tерористичкитe напади потсетија дека меѓународниот тероризам налага одлучно и единствено дејствување на меѓународната заедница.  Заканата за сите нас ги надминува државните граници. Нашиот одговор мора да биде над-национален. Соработката меѓу државите во оваа борба е неопходна“, порача Попоски.

Во рамките на соработката воспоставена во Берлин за земјите од западен Балкан беше одржан состанок на министрите за надворешни работи на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Состанокот беше во правец на подготовка на годишниот самит во Виена.

„Разговаравме за приоритетните проекти во енергетско, патно и железничко поврзување. Во овој дел, финансискиот удел од ЕУ фондовите е клучно“, истакна Попоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП