5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет банки под истрага за местење на цените на благородни метали

Десет банки под истрага за местење на цените на благородни метали

zlato pracki

Американското министерство за правосудство и тамошната Комисија за тргување со стокови термински договори (Commodity Futures Trading – CFTC), ставија под истрага најмалку десет големи банки поради можното местење на цените на благородните метали, пишува „DailyMail“.

Обвинителите на американското министерство за правосудство го проверуваа процесот на одредување на пазарот во Лондон на цените на златото, среброто, платината и паладиумот, додека „CFTC“ отвора своја истрага во која побарала од банките да достават информации во врска со ова прашање, пишува весникот.

Според весникот вниманието на американските власти е особено насочено кон банките „HSBC“, „Bank of Nova Scotia“, „Barclays“, „Credit Suisse Group“, „Deutsche Bank“, „Goldman Sachs Group“, „JPMorgan Chase & Co.“, „Societe Generale“, „Standard Bank Group“ и „UBS“.

Од „HSBC Holdings“ претходно објавија дека американската „CFTC“ во јануари издала налог за истрага на банката „HSBC Bank USA“, барајќи од неа да ги достави документите во врска со тргување со благородните метали. „HSBC“ е една од многуте банки кои се споменуваат во тужбите коишто минатата 2014-та година беа поднесени пред американските судови поради наводниот заговор за манипулирање на цените со златото, среброто, платината и паладиумот, како и со цените на дериватите на овие благородни метали.

DailyMail“ истакнува и дека претходно европските надзорни органи, исто така, спроведувале проверка на активностите на банките на пазарите на благородни метали. Сепак, постапката беше запрена поради недостиг од докази за прекршување на законите.

Цените на златото, среброто, платината и паладиумот до минатата година се утврдуваше според телефонската конференција на помали групи банки, која се одвиваше еднаш или двапати во денот. За разлика од трошоците за другите суровини, цената на златото главно не зависи од показателите на понудата и побарувачката. Неговата цена повеќе е поврзана со глобалните економски фактори, како што се каматните стапки и инфлацијата, а поголем дел зависи од расположението на инвеститорите, што го отежнува прогнозирањето на движењето на цената на златото.

Лондонската формула за цената на златото  (London Gold Fix) влијае на трансакциите во износи од милијарди долари поврзани со златото ширум светот, а секој ден точно во 10,30 часот по лондонско време ја одредуваа четирите банки – британските „Barclays“ и „HSBC“, канадската „Scotiabank“ и француската „Societe Generale“. Сите четири банки се членки на Компанијата за утврдување на цената на златото, а ја договараа двапати дневно. Германската „Deutsche Bank“, исто така, беше членка на оваа групација, меѓутоа во првата половина од 2014-та година истапи од неа.

Постапката започнуваше со т.н. спот цена на златото којашто се темели на важечките пазарни цени за договорите за физичката испорака на овој благороден метал. Четирите банки потоа објавуваат дали се заинтересирани да го купат по таа цена којашто може да варира во зависност од односот на понудата и побарувачката. Потоа се одредува и цената.

Системот во текот на 2014-та година западна во криза, откако британските регулатори и пресудија на „Barclays“ казна во висина од 26 милиони фунти, односно 33 милиони евра, откако поранешен нејзини трговец призна дека се обидел да манипулира со цената.

Цените на златото повремено забележуваат посилни осцилации, бидејќи металот се смета за сигурно вложување особено во периодите на геополитички превирања. Аналитичарите на движењата на пазарите предвидоа дека реформата би можела да ја поткрене пазарната цена на златото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП