26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмЧам обука на тема „Услугата на клиентите како маркетинг алатка“

АмЧам обука на тема „Услугата на клиентите како маркетинг алатка“

amcham

Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) најавува обука на тема „Услугата на клиентите како маркетинг алатка“, со Барбара Опершал, долгогодишен директор на Бест Вестерн за Централна Европа. Обуката ќе се одржи на 26 февруари 2015г. од 10:00 -14:00 часот, во М6 Едукативниот центар.

Како „регионален линк“ помеѓу седиштето на компанијата во САД и земјите во Централна Европа, г-ѓа Опершалбила задолжена за изнаоѓање на решенија кои ќе бидат прифатливи за сите инволвирани страни притоа имајќи ги предвид востановените стандарди и процедури.

Во текот на своето излагање, г-ѓа Опершал ќе се осврне на тимската работа, очекувањата на клиентите, поплаките на клиентите како можности, а не закани и мерките кои се потребни да се преземат за да се обезбеди квалитет на услугата.

Досега,преку 70 учесници од различни индустриски гранки го пријавиле своето присуство, со цел да се стекнат со дополнителни познавања од оваа област кои ќе им бидат корисни во нивната понатамошна работа и ќе им помогнат да воспостават системи за подобро да одговорат на барањата на клиентите.

Со овој настан, АмЧамМакедонија официјално ја започнува овогодишната програма на настани и активности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП