Десет килограми од кавијарот „Petrossian Tzar Imperial“ вредат околу 100.000 евра, што звучи смешно ако се спореди со овој специјален вид…
Килограм кавијат од овој нов специјален вид чини околу 100.000 евра. Ова е најскапата храна во светот и станува збор за сосема нов кавијар. Креиран е од одгледувачот на риба Валтер Груел во соработка со синот Патрик.
Овој прашкаст кавијар наречен „Strottarga Bianco“, направен е од ретки јајца од албино риби, и „зачинет“ е со 22-каратно злато.
За подготовката на овој кавијар, се користат пет килограми бел кавијар, кој е дехидриран за да се добие еден килограм златна мешавина. Оваа мешавина вреди околу 270.000 евра, но во моментов оваа понуда е на попуст по цена од 100.000 евра по килограм, за луѓето најпрвин да можат да пробаат што им се нуди и да се уверат во беспрекорниот квалитет.
Овој кавијар ќе биде послужуван во сите луксузни ресторани ширум светот, од Монако до Дубаи.