20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските финансии во суфицит прв пат од 1990

Германските финансии во суфицит прв пат од 1990

germanyf4r54r4e3r43

Германските јавни финансии се вратија на позитивни стази во 2014 година, прв пат по 1990 година, со суфицит од 0,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) односно 2,9 билиони евра, соопшти германскиот завод за статистика.

Заедничкиот буџет на германската влада, покраините, општинските власти и буџетот за социјална помош забележал минатата година суфицит од 18 милијарди евра, објави во вторникот Destatis.

Германија во 2013 година имаше врамнотежен буџет. Статистичарите наведуваат дека буџетските приходи минатата година изнесувале 1,29 билиони евра, а расходите 1,27 билиони евра. Суфицитот на буџетот на владата во Берлин изнесуваше 11,4 милијарди евра, во однос на дефицитот од 4,5 милијарди од 2013 година.

Буџетот на регионалните власти истотака забележа суфицит од 1,9 милијарди евра во 2014 година, по дефицитот од 2,8 милијарди од претходната година.

Општинските власти имаат буџетски суфицит од 1,3 милијарди евра, а во буџетот за социјална помош евидентиран е суфицит од 3,4 милијарди евра, додава Destatis.

Според прописите на Европската унија, нејзините држави членки треба да имаат јавен дефицит под три отсто од БДП и треба да работат на врамнотежување на буџетите и на остварување на суфицит нас реден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП