7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени субвенциите за сончоглед, ориз и добиточна храна

Исплатени субвенциите за сончоглед, ориз и добиточна храна

subvencii-soncogled

На сметките на 17.630 земјоделци, се префрлени 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури.

За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина.

За сончоглед и ориз исплатени се девет милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури.

Владата и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство преку повеќе мерки меѓу кои и исплата на субвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП