3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНад 300 милиони евра заштеди во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд

Над 300 милиони евра заштеди во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд

kb penzija

Заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво АД Скопје го надминаа износот од 300 милиони евра, соопшти во вторникот компанијата.

Со ова, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд – Скопје, стана првото пензиско друштво во  Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 300 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.

Во текот на досегашното работење, од 2005-та година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, вклучени се повеќе од 196.000 членови и времено распределени лица, чиишто средства заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.

Заклучно со 31.1.2015 година, нето средствата на задолжителните пензиски фондови изнесуваа од 553,28 милиони евра, од кои 296,87 милиони евра во Задолжителниот пензиски фонд управуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Износот од 300 милиони евра беше достигнат и надминат на 10.2.2015 година.

Во доброволните пензиски фондови, заклучно со наведениот датум членуваа вкупно 20.458 лица од кои 12.733 лица во Доброволниот пензиски фонд упрвуван од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП