28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел: Грчката листа со реформи е „валидна појдовна точка"

Брисел: Грчката листа со реформи е „валидна појдовна точка”

grcija-grcka-greece

Грција ја испратила листата со планови за економски реформи до европските институции и Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот на полноќ, пренесува Reuters, повикувајќи се на извор близок до Европската комисија, нагласувајќи дека оваа листа е „валидна појдовна точка“ за постигнување на договор.

Грција требаше да ги претстави своите планови како услов за продолжување на спасувачката програма за уште четири месеци. Овој договор Грција со партнерите од еврозоната го постигна во петокот.

„Според мислењето на Комисијата, листата е доволно сеопфатна, за да биде валидна појдовна точка за постигнување на решение“, изјави изворот додавајќи дека Европската комсија е „видливо охрабрена од силната посветеност на Грција во борбата против затајувањето на данок и корупцијата“.

Претходно, од Европската комисија соопштиле дека листата со реформи била добиена навреме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП