17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексите од Волстрит се спуштија од рекордното ниво

Индексите од Волстрит се спуштија од рекордното ниво

volstrit

Берзанските индекси Dow Jones и S&P 500 во понеделникот на Волстрит паднаа од рекордните ниво, бидејќи падот на цената на нафтата ги притисна акциите на енергетскиот сектор, додека Nasdaq зајакна деветти ден по ред.

Dow Jones ослабна 23 поени, или 0,13 отсто, на 18.116 поени, додека S&P 500 се намали за 0,03 отсто, на 2.109 поени, додека Nasdaq зајакна за 0,10 отсто, на 4.960 поени, ново највисоко ниво од 2000 година.

Откако во петокот, благодарение на договорот во еврозоната за натамошно финансирање на Грција, Dow Jones и S&P 500 достигнаа нови највисоки нивоа во историјата, вчера овие индекси остварија благ пад.

Притоа меѓу најголемите губитници, со пад од 0,4 отсто, беше енергетскиот сектор, кој се најде под притисок на падот на цената на нафтата за над 2 отсто.

Поради стравувањето на инвеститорите од преголема понуда во однос на побарувачката, на лондонската берза цената на црното злато вчера падна за 1,3 долари, на 58,90 долари по барел, додека на американската берза падна за 2,7 отсо, на 49,45 долари.

Осетно, за 0,5 отсто, паднаа и цените на акциите на градежните компании, по весите дека продажбата на постојните куќи во САД во јануари била на најниско ниво за последните девет месеци.

„Инвеститорите ги поколебаа разочарувачките податоци од пазарот за недвижнини, а паднаа и цените на нафтата, што беше доволно да спласне расположението на пазарот“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во компанијата BB&T Wealth Management.

Покрај тоа, инвститорите не беа расположени значително да ги менуваат позициите пред полугодишниот извештај на претседателката на американската централна банка Џенет Јелен во Конгресот во вторник и среда, кој вниматлено ќе биде следен бидејќи може да даде сигнали кога Фед планира да ги зголеми каматите.

„Извештајот на претседателката на Фед во Конгресот потенцијално е голем придвижувач на берзите“, вели Баки Хелвиг.

Поради тоа обемот на тргување вчера беше скромен. На американските берзи беа истргувани 5,9 милијарди акции, додека просечниот дневен обем од почетокот на месецот изнесува 7 милијарди.

Индексот Nasdaq вчера порасна деветти ден по ред, приближувајќи се до највисокото ниво во историјата од 5.132 поени, кое го достигна во март 2000 година, непосредно пред таканаречената дот-ком криза, кога остро паднаа цените на акциите на телекомуникациските и технолошките компании.

Вчерашниот раст на Nasdaq најмногу се должи на растот на цената на акцијата на  Apple за 2,7 отсто, на ново рекордно ниво од 133 долари. Цената на акцијата на технолошкиот гигант рече непрекинато расте откако во јануари компанијата извести дека во четвриот квартал од минатата година забележала рекордна добивка од 18 милијарди долари, а од неодамна стана прва компанија на светот со пазарна вредност поголема од 700 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП