5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКрај на една ера - Bugatti го продаде последниот Veyron

Крај на една ера – Bugatti го продаде последниот Veyron

bugatti_la_finale_master

Крај на една ера – компанијата „Bugatti“ објави дека го продаде последниот произведен „Veyron“. Машината го носи името „La Finale“ и веќе е сопственост на богат арапски колекционер на автомобили.

Пред да замине за Блискиот Исток, возилото ќе биде изложено пред публика на претстојниот автосалонот во Женева. Тој е со сериски број 450, а ќе биде ставен заедно со првото „Bugatti Veyron“, пуштено во сообраќај во 2005-та година.

Финалниот „La Finale“ е од максималната модификација „Super Sport“, која располага со 1200 КС, анонимен Арап платил 2,6 милиони долари за автомобилот, тврди „Bloomberg“.

Bugatti Veyron2

„Ова е еден од најважните моменти во историјата на автомобилската индустрија. За овие 10 години на пазарот „Veyron“ успеа да се докаже како еден уникатен производ и да ја освои почитта на многумина“, изјави претседателот на „Bugatti“, Волфганг Дирхајмер.

Во компанијата сега ќе можат да ги фокусираат сите напори за создавање на нов модел – „Chiron“. За него се знае дека ќе се потпира на истиот мотор како „Veyron“, но со нови турбини. Така силата ќе надмине 1.500 КС, што ќе овозможи постигнување на максимална брзина од 450 км/ч.

Очекувањата се новото „Bugatti Chiron“ да биде подготвено како концептуален модел до крајот на оваа година. А сериската верзија ќе ја видиме најверојатно во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП