2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијаните, Германците и Французите најмалку се задолжуваат

Италијаните, Германците и Французите најмалку се задолжуваат

money-euro_w520

Италијанските домаќинства, меѓу развиените земји, најмалку се задолжени во однос на месечните приходи, потоа следат Германците, а на третото место се Французите.

Задолженоста на Италијанците во 2014 година изнесувала 62 проценти од месечните приходи, на Германците 82,7 проценти, а на Французите 84,7 проценти, пренесува весникот Фигаро.

Меѓу домаќинствата во развиените земји најзадолжени се оние во Данска, со висок долг од 269 проценти од месечните приходи, а следат Холанѓаните со задолженост од 230 проценти.

Меѓу високо задолжените се и граѓаните на САД, со просечна висина на долгот од 136,5 проценти од месечните приходи, потоа жителите на Велика Британија со 134,5 проценти и на Шпанија со 111,8 проценти од приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП