26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски ќе учествува на неформалниот состанокот на земјите-членки на ПСЈИЕ во Тирана

Попоски ќе учествува на неформалниот состанокот на земјите-членки на ПСЈИЕ во Тирана

popovski-nikola

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во вторник во Тирана ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Се очекува Попоски да има свое обраќање во кое ќе ги изнесе погледите на Македонија во однос на унапредување на регионалната соработка, особено во форматот на ПСЈИЕ.

Од особено значење е поврзувањето на регионот преку развивање и модернизација на инфраструктурата, што би поттикнало зголемен економски развој, трговија и привлекување на странски инвестиции за сите земји во регионот.

Во рамките на состанокот, во присуство на високи претставници на Европската унија и генералниот секретар на РСС, се очекува да се потпише и Заедничка изјава против било какви акти на тероризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП