26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРеконструирана и надградена библиотеката во Битола

Реконструирана и надградена библиотеката во Битола

bibloteka bitola

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и директорот на универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ Науме Ѓоргиевски, ги пуштија во понеделникот во употреба новите простории во надградениот дел од зградата на библиотеката.

„Со инвестиција во вредност од 30,5 милиони денари, која што е издвоена од буџетот на министерството за култура, се изврши целосна надоградба на библиотеката, се изврши и реставрација на фасадата на стариот дел од зградата, и се направи добар спој со стариот и новиот дел кој што се надогради“, изјави министерката Канчевска-Милевска.

Со надоградбата библиотеката се здоби со 500 метри квадратни функционален простор, од кој простор дел е наменет за читателите, дел за  преслушување на музички изданија, како и простор за одржување на семинари, трибини и други манифестации.

Во проектите на министерството за култура кои се предвидени за оваа година, влегуваат и конзервација и реставрација на музичкото училиште, гимназијата и безистенот, кои се од исклучително значење за градот Битола.

Упатени беа честитки, и до новоизбраниот директор на ИФФК „Браќа Манаки“ Димитар Николовски.

„Со новиот директор на фестивалот ,, Браќа Манаки ’’, веќе започнавме да работиме, и договоривме да се отвори нова канцеларија, која 365 дена, ќе работи за фестивалот, но  паралелно и на афирмација на условите, и сето она што ќе биде значајно за развој на Битола филмски град“, истакна градоначалникот Талески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП