1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата остро падна, во фокусот и натаму прекумерното снабдување

Цената на нафтата остро падна, во фокусот и натаму прекумерното снабдување

nafta 35

Цената на нафтата остро падна во понеделникот на светските берзи со оглед дека во фокусот на инвеститорите и натаму е прекумерното снабдување, а дополнителен притисок генерираше и зајакнатиот долар.

Барел сирова нафта на лондонската берза поефтини за 1,66 долари во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 58,56 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 1,54 долари пониска цена, од 48,80 долари.

На почетокот на тргувањето цената порасна во амбиент на оптимизам поради договорот на Грција и партнерите во еврозоната за натамошно финансирање за да потоа ја сменат насоката бидејќи инвеститорите го пренасочија вниманието на прекумерното снабдување и тоа пред се во САД.

Минатонеделниот извештај покажа дека залихите во САД се на рекордно ниво, што на почетокот на неделата го потисна во втор план новите податоци за намалениот број на ископини во САД, а со тоа и осетно намалување на производството.

Аналитичарите на инвестициската банка Morgan Stanley проценуват дека нивото на залихи ќе продолжи да расте до крајот на мај.

„И покрај оптимизмот поради големиот пад на бројот на ископини во САД во изминатите недели темпото на пад забави. Натамошното забавување само би ги зајакнало стравувањата дека ќе биде потребно време за поизразено намалување на производството“, толкуваат аналитичарите.

Товар  на цените во понеделникот беше и зајакнатиот долар. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута кон кошничката од шесте останати валути, денеска зајакна за 0,6 отсто, со што стоките чии цени се искажани во долари стануваат поскапи за они кои поседуваат останати валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП