4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 70.000 деловни субјекти активни во Македонија

Над 70.000 деловни субјекти активни во Македонија

trgovija malo 2993

Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2014-та година изнесувал 70.659, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 24.674 субјекти или 34,9 отсто и Преработувачка индустрија со 7.675 субјекти или 10,9 отсто.

Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 180 субјекти или 0,3 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 151 субјект или 0,2 отсто.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85,2 отсто имаат деловните субјекти со 1-9 вработени.

Следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 5,6 отсто, па субјектите со 10-19 вработени со 4,4 отсто, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,6%, со 1,8 отсто учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП