18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото зајакна кон франкот, но ослабна кон останатите валути

Еврото зајакна кон франкот, но ослабна кон останатите валути

evro-evroto-evra-money

Курсот на еврото кон швајцарскиот франк во понеделникот на светските берзи се доближи близу највисокото ниво за пет недели, бидејќи дотокот на капитал во франци како валута-прибежиште спласна откако во петокот министртите за финансии на еврозоната постигаа договор за натамошно финансирање на Грција.

Курсот на еврото зајакна 0,7 отсто, на 1,07595 франци, што е близу највисокото ниво за пет недели од 1,08115 франци.

Иако во петокот беше договорено продолжување на пакетот кредити за Грција, неизвесноста и натаму е голема поради што еврото остана под притисок кон доларот, фунтата и јенот.

Еврото кон американската валута ослабна 0,3 долари, спуштајќи се на 1,1345 долари, откако во петокот накратко достигна 1,1430 долари порадипостигнување на договор со Грција. Истовремено курсот на единствената европска валута кон јенот падна на 135,20 јени.

Загубата на швајцарскиот франк, во кој инвеститорите неретко пронаоѓаат сигурно прибежиште за својот капитал во немирни економски времиња, во денешното тргување беше голема и кон американската валута. Доларот зајакна за 0,9 отсто, на 0,94765 франци.

„Движењето на курсот на швајцарскиот франк горе-долу е во согласност со јакнењето на склоноста кон ризик. Недвојбено партнерите сакаат да ја задржат Грција во еврозоната, па настапи пауза кај некој валути-прибежишта“, истакна валуниот стратег во Commerzbank, Петер Кинсела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП