11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар сериозно погоден од санкциите против Русија

Кипар сериозно погоден од санкциите против Русија

kipar1

Кипарската економија сериозно е погодена од санкциите за Русија и руските контрасанкции, изјави портпаролот на кипарската влада Никос Христодулидес.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе бидат обновени односите на ЕУ и Русија.

„Кипарската економија e тешко пoгодена од санкциите и контрасанкциите поради нашата изложеност на рускиот фактор и високиот степен на финансиска и економска меѓузависност не само во областа на туризмот и инвестицискиот сектор, туку и во доменот на одбраната“, изјави тој.

Според него, Никозија од самиот почеток изрази поддршка за „продуктивен дијалог со Русија“, а Кипар го дели ставот дека санкциите против Русија не се ефикасен начин да се реши украинската криза.

Христодулидес се обрати до новинарите во пресрет на посетата на кипарскиот претседател Никос Анастасијадес на Москва на 25. февруари, од која се очекува да ги поттикне економските односи на двете земји.

„Веруваме дека таа посета ќе даде поттик за подобри економски односи меѓу Русија и Кипар“, изјави тој.

Тој додаде дека Никозија очекува финализирање и потпишување на голем број документи во текот на посетата која ќе ја потврди нејзината политичка подготвеност за продлабочување на соработката со Русија, која е „еден од најзначајните економски партнери на Кипар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП