6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција до вечер треба да предложи како ќе штеди

Грција до вечер треба да предложи како ќе штеди

grcija-eib

Грчката влада до вечер треба на министрите за финансии на еврозоната да им го поднесе својот предлог план за мерките на штедење, кој, доколку биде прифатен, ќе биде основа за четири месеци да продолжи кредитната помош на Грција.

Новата грчка коалициона влада се надева дека ќе ја убеди еврогрупата со ветувањето дека ќе се посвети во борбата против корупцијата и затајувањето на данокот.

Сите 18 држави членки на еврогрупата треба да добијат согласност од своите парламенти до 28 февруари, кога истекува сегашниот план за финансиска помош на Грција, за да може истиот да се продолжи до крајот на јуни.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас сака неговиот парламент последен да гласа за сопствениот предлог пакет мерки.

Германскиот весник Bild пишува дека Грција, доколку Брисел ги одобри нејзините мери, ќе добие седум милијарди евра во рамки на борбата против неколку врсти на илегална трговија.

Повикувајќи се на извори блиску до властите во Атина, Bild пишува дека планот мерки на Ципрас опфаќа борба против шверцот на гориво и цигари, од што грчкиот премиер очекува да добие 1,5 милијарди ерва и околу 800 милиони за двете ставки.

Ципрас планира да добие 2,5 милијарди евра од оданочување на богаташите, а 2,5 милијарди низ отплата на даночни долгови на граѓаните, наведе Bild, додавајќи дека сетоа тоа бо изнесувало вкупно 7,3 милијарди евра.

За сега не постои гаранција дека Ципрас ќе добие зелено светло од еврогрупата за делот мерки со кои се укинуваат строгите мерки на штедење, а тоа се’ ветеното зголемување на минималната плата и малите пензии, заштитата на куќите и становите од заплена поради долгови и стопирање на приватизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП