28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗлатните малини за Кирк Камерон и Камерон Дијаз

Златните малини за Кирк Камерон и Камерон Дијаз

zlatna-malina

Филмот „ Saving Christmas“ со поранешната детска ѕвезда Кирк Камерон го завладеа победничкиот трон на годинешното доделување на Златните малини за најлошите филмски остварувања.

Сега 44-годишниот Кирк Камерон и неговиот филм се прогласени за големите победници на 35-то доделување на златните малини во саботата навечер во Лос Анџелес, бидејќи ги понесоа наградите во четири од шесте категории, и тоа за најлош филм, најлош актер, најлошо сценарио и за најлоша филмска комбинација – за актер и за неговото его.

На Камерон Дијаз, пак, и’ припадна 4,97 вредниот трофеј за најлоша актерка во двете комедии „Одмазда во високи потпетици“ и „Снимки на секс“.

Режисерот и Актер Бен Афлек, добитник на Златната малина во 2003 година, ја освои годинешнава награда за рехабилитирање, откако беше награден за промашувањето во филмот „Gigli“ се искупи со остварувањето на„Argo“ и „Gone Girl“.

Златните малини се доделуваат ноќта спроти доделувањето на најпрестижните филмски признанија Оскарите, меѓутоа, нивните добитници ретко кога имаат храброст да се појават на церемонијата на врачувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП