19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански економист ја советува Грција да го напушти еврото

Германски економист ја советува Грција да го напушти еврото

cdc

Еден од водечките германски економисти и жесток критичар на властите во Берлин поради начинот на решавање на финансиската криза во еврозоната, во саботата ја повика Грција да го напушти еврото, тврдејќи дека најновиот договор со министрите за финансии од земјите во монетарната унија нема многу да придонесе за отстранување на економските тешкотии на земјата.

„Дополнителните пари не претставуваат ништо друго освен аналгетик за ублажување на болката од болеста од која Грција пати и нема да помогне во процесот на лекување“, смета Ханс-Вернер Син, прв човек на влијателниот економски институт Ifo во Минхен.

„Грција, како последица на еврото, стана прескапа, а мора да стане поевтина за да биде поконкурентна. Тоа е можно единствено преку напуштањето на еврото и со девалвација на (поранешната национална валута) драхмата“, појаснува Син. Грција ја напушти драхмата и ја замени со еврото во 2001 година.

Министрите за финансии од земјите во еврозоната на вонредниот состанок во петокот во Брисел се договорија за продолжување на финансиската помош за Грција за уште четири месеци, во замена со тоа грчката влада најдоцна до понеделник, 23-ти февруари, да го претстави целосниот список на реформските мерки. Потоа, „институциите“, односно досегашната „тројка“ (грчките странски доверители, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), термин кој беше замразен во Грција, ќе ја дадат својата оцена дали тие мерки се доволно сеопфатни. Во спротивно овој договор дефинитивно ќе биде закопан.

Институтот Ifo, на Грција и препорачува да ги испреговара условите за излегување од еврозоната која што во моментов ја сочинуваат 19 држави. Тоа би вклучувало мораториум на отплатата на долгот, што би го намалило, барем во моментот, долгот на грчката држава, на тамошните комерцијални банки и на националната централна банка. Истовремено Грција би требало да покрене програма за реформи коишто на крајот би и’ овозможиле враќање во еврозоната. Според планот на Ifo, Грција би останала придружна членка на системот на единствената европска валута, без право на гласање.

Меѓутоа, „излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде најскапото од сите можни сценарија“, го цитираше минатата седмица германскиот весник Der Spiegel челникот на фондот Европски механизам за стабилност (ESM), Клаус Реглинк во контекстот дека грчкото излегување од еврозоната може да го иницира и излегувањето на Кипар од зоната на употреба на единствената европска валута.

Европски извори за весникот посочиле дека економиите на Грција и Кипар се толку тесно испреплетени, што доколку Атина излезе од еврозоната, Никозија ќе биде принудена да го следи нејзиниот пример. Финансиските експерти на еврогрупата и на Европската централна банка (ECB)симулирајќи ги можните сценарија во врска со можното одбивање на Грција да го користи повеќе еврото, одлучиле оти во таков евентуален случај дека Кипар би добил дополнителен мотив да ја врати националната валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП