27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија носи закон за изедначување на платите на мажите и жените

Германија носи закон за изедначување на платите на мажите и жените

german-people3

Германија оваа година ќе го донесе законот за изедначување на платите на мажите и на жените, според министерката за женски прашања Мануела Швесиг, која во петокот се сретна претставниците на синдикатите, а следните неколку седмици планира средби и со работодавачите.

Намерата на министерката Швесиг е да се постигне еднаквост без „наметнувања ограничувања за колективното преговарање или создавање бирократски монструм“.

Според тамошната статистичка агенција, жените во Германија просечно заработуваат 22 центи за час работа помалку од мажите. Во 2013-та година, мажите по час просечно заработувале 19,84 евра бруто, а жените 15,56 евра.

Коалициските партнери во германската влада, демохристијанските конзервативци и социјалдемократите, постигнаа согласност споменатата разлика законски да ја решат, а намерата е да се има поголема транспарентност во структурите на платите и зголемување на надоместокот за час работа во професиите коишто традиционално ги пополнуваат жените.

Синдикатите, од своја страна, го поздравија носењето на овој закон.

„Добро е што коалицијата сака да ја намали разликата во примањата на мажите и на жените“, изјави Елке Ханак, заменичка на претседателот на Сојузот на германските синдикати – DGB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП