4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗStartech го прошири долгиот Range Rover (фото)

Startech го прошири долгиот Range Rover (фото)

startech

Новиот тунинг пакет за последната генерација „Range Rover“ ќе биде претставен на саемот во Женева од компанијата „Startech“. Пакетот е целосно визуелен и е наменет за продолжената верзија на луксузниот британски теренец.

Комплетниот бодикит на „Startech“ има за цел да му обезбеди на автомобилот подинамичен и спортски изглед и ја зголемува стандардната ширина на моделот.

startech1

Пакетот се состои со нов преден браник со пошироки отвори за воздух, дневни „LED“ светла, проширени лакови на тркалата, различни странични прагови, заден спојлер, спортски заден браник со интегриран дифузор и друго.

Исто така можат да се забележат карбон капаците на страничните ретровизори, спортскиот издувен систем и 23-инчни тркала. Ентериерот е исто така е доработен, продолжувајќи ја спортската тема. Во моментов недостасуваат слики од внатрешноста, но сепак станува јасно дека таа нуди карбон елементи, различни седишта и дополнителни масички за патниците на задните седишта.

startech2

Моделот ќе дебитира на 3-ти март во Женева, каде „Startech“ ќе претстават свои верзии на уште два модели на „Land Rover – Range Rover Sport“ и „Range Rover Evoque“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП