19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОбласти во кои оние кои бараат работа прават најмногу грешки

Области во кои оние кои бараат работа прават најмногу грешки

36a0waiting-for-a-job-interview-13-620x350-620x330

Во морето од невработени кои го бараат своето место на пазарот на труд, секоја гршка може да ви намали шансите за пронаоѓање на работа.

Ако сте во процес на барање на работа, важно е да знаете кои се најчестите грешки и да пронајдете начин да ги избегнете за вашата потрага да има среќен крај.

Ви претставуваме три облaсти и најчестите грешки:

Грешки во процесот на барање

Неприсутноста на интернет е голема грешка. Пребарувањето на „LinkedIn“ профил е речиси стандардна процедура за проверување на кандидатот. Неуспехот во вмрежувањето исто така е „тег околу вратот“. Повеќето луѓе мислат дека вмрежувањето се сведува на тоа на важните луѓе да им кажете дека барате работа или да им понудите CV. Тоа е далеку од реалноста бидејќи на тој начин губите контрола, односно чекате другите нешто да направат за вас.

Грешки поврзани со CV-то

Од биографијата треба да ги исфрлите сите неважни информации. Исто така, не заборавајте дека секогаш морате да користите клучните зборови од огласот за работа.

Грешки поврзани со интервјуто за работа

Пред се, никако немојте да си дозволите да задоцните. Секогаш поставувајте дополнителни прашања бидејќи тоа покажува дека сте навистина заинтересирани за понудената позиција. Не ги наведувајте негативните страни на поранешниот работодавец и колегите бидејќи ќе делувате како конфликтна личност. И за крај, не одете неподготвени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП