
Почнувајќи од мај, скопскиот аеродром „Александар Велики“ управуван од ТАВ Аеродроми, ќе биде директно поврзан со престолнината на Шведска.


Почнувајќи од мај, скопскиот аеродром „Александар Велики“ управуван од ТАВ Аеродроми, ќе биде директно поврзан со престолнината на Шведска.
Новата рута ќе одпочне на 3 мај, неколку дена порано од првичниот план. Најниската цена на авионската карта е 1690 мкд и можностите за резервација на летот се веќе отворени. Летовите ќе се одвиваат во понеделник и петок.
Даниел де Карвалхо, корпоративниот директор за комуникации на Wizz Air, изјави:
“Воодушевени сме што нашите ниско-буџетни карти се се повеќе популарни за македонските патници и странските посетители. Нашата нова дестинацијадо Стокхолм Скавста е втора рута од Скопје до скандинавскиот пазар и деветта интернационална рута што ја поврзува Македонија со популарните европски дестинации. Со ниски цени на авионските карти, убедени сме дека оваа рута брзо ќе стане бестселер за појдовни и дојдовни туристи“