12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPorsche создаде ексклузивен Macan (фото)

Porsche создаде ексклузивен Macan (фото)

pm ex

Германскиот производител на автомобили „Porsche“ претстави нова модификација на кросоверот „Macan“. Топ верзијата на моделот – „Turbo S“, е доработен од делот „Porsche Exclusive“.

pm ex1

Овој теренец се одликува по специјалната боја на каросеријата – „Red Metalic“, 21-инчните фелни од лесна легура „Sport Classic“, жолтите сопирачки апарати, ретровизорите „SportDesign“, затемнети би-ксенон фарови и уште голем број на елементи на екстериерот, меѓу кои е единствената решетка на ладилникот и задниот дифузор.

Ентериерот на возилото е од темнокафена кожа, а панелот со инструменти се наоѓаат елементи од карбон. Самиот прибор, како и безбедносните ремени се во боја на каросеријата.

pm ex2

Оваа верзија на „Macan“ е опремена со 3.6-литарски V6 мотор кој нуди моќност од 400 КС и 550 Nm вртежен момент. Со овој агрегат кросоверот забрзува од 0 до 100 км/ч за 4.8 секунди.

pm ex3

Уште во есента минатата година шефот на одделот за развој на „Porsche“, Волфганг Хатц најави дека неговата компанија ќе објави ексклузивни модификации на нивните врвни модели. Ова се случи откако производителот ја покажа ограничената серија на „Porsche Panamera Exclusive“, која забележа сериозен успех од неа на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП