17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза економскиот раст на Мексико

Забрза економскиот раст на Мексико

meksiko-630x425fe43rf3r

Мексико, втората по големина економија на Латинска Америка, во минатата година оствари економски раст од 2,1 проценти, на долната граница од владината прогноза, главно поради падот на цената на нафтата.

Резултатите од 2014 сепак беа доста подобри во однос на растот на бруто домашниот производ (БДП) од 1,1 проценти во 2013 година, соопшти мексичкиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Мексичката влада за 2014 година првично прогнозираше економски раст од 3,9 проценти, па прогнозата на крајот на минатата година беше намалена на 2,1 до 2,6 проценти.

Мексичката централна банка ја намали прогнозата за БДП за 2015 на 2,5 до 3,5 проценти во однос на претходно очекуваните 3,0 до 4,0 проценти.

Колапсот на цената на нафтата ја принуди Владата да го намали буџетот за 8,2 милијарди долари, да се откаже од проектот за изградба на високо-брзи возови, како и од организирањето на светското првенство во пливање во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП