26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Danone опадна поради слабоста на рускиот и азискиот пазар

Профитот на Danone опадна поради слабоста на рускиот и азискиот пазар

danone_logo19fr34rfewg

Француската прехрамбена компанија „Danone“ го зголеми приходот во минатата година, но профитот беше помал во споредба со 2013 година, поради слабата побарувачка во Русија и Азија, како и неповолниот валутен ефект.

Истовремено, на европскиот пазар „Danone“ повторно забележа раст на продажбата, пренесува Ројтерс.

Во 2014 година оваа компанија оствари оперативен профит од 2,66 милијарди евра, со раст од 3,7 проценти, додека според консензусот на аналитичарите тој изнеусвал 2,65 милијарди евра.

Нето профитот изнесувал 1,56 милијарди, за разлика од 1,63 милијарди евра во претходната година.

Приходите на овој светски лидер во производството на свежо млеко се зголемени за 4,7 проценти, на 21,14 милијарди евра, додека аналитичарите во просек очекувале 21,12 милијарди.

За 2015 година „Danone“ смета на раст на приходите меѓу 4,0 и 5,0 проценти и благ пораст на оперативната маржа која во 2014 година изнесувала 12,59 проценти (приход) и била за 12 процентни поени помала отколку во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП