9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски и Бејли задоволни од трендот на американските инвестиции во Македонија

Пешевски и Бејли задоволни од трендот на американските инвестиции во Македонија

peshevski-i-bejli5464646464

Македонскиот вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во петокот на средбата со новиименуваниот амбасадор на САД во земајва, Џес Бејли, го истакна задоволството од досегашниот тренд на реализирани инвестиции на американските компании во државата, при што соговорниците искажаа искрени желби за продлабочување на соработката на полето на економијата и зголемување трговската размена.

Вицепремиерот Пешевски посакувајќи му добредојде и успех во работата на новоименуваниот американски амбасадор,  ги претстави економските планови и проекти наменети за побрз економски развој и подобрување на бизнис климата во државата.

Во разговроот акцентот беше ставен на поддршката во економската сфера којашто Македонија ја добива од страна на САД и беа истакнати очекувања за унапредување на економските односи.

Соговорниците се осврнаа на прогресот на реформите, односно низата проекти кои се спроведуваат со поддршка на Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД. Вицепремиерот го истакна значењето на финансиската и техничка помош, добиена од страна на американската влада, која значајно го поттикнува економскиот развој .

За време на средбата соговорниците го поздравија традиционалното пријателство и партнерство, карактеризирано со одлични билатерални, економски и трговски односи меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП