26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите членки подготвени за излез на Грција од еврозоната

Најголемите членки подготвени за излез на Грција од еврозоната

Greece+flag+XXX+high+res

Министерот за финансии на Малта, Едвард Скиклуна, изјави денес дека е можно најголемите членки на ЕУ да се подготвени за излез на Грција од еврозоната бидејќи веќе губат трпение поради барањата на новата Влада во Атина.

„Мислам дека се дојдени до точка кога на Грција ќе и порачаат да излезе доколку сака тоа да го направи. Мислам дека така мислат бидејќи Германија, Холандија и останатите членки ќе бидат упорни и ќе инсистираат на тоа Атина да ја врати добиената финансиска помош“, изјави Скиклуна.

На Грција и е неопходна финансиска поддршка за одржување на солвентноста по крајот на месец март.

Новата грчка Влада предложи продолжување на договорот за заем, но го отфрла продолжувањето на актуелната програма за финансиска помош, доколку со тоа биде предвидено спроведување на претходно договорените мерки за штедење.

Коментарите на Скиклуна се објавени пред денешниот состанок со министрите за финансии на еврозоната во Брисел, на кој ќе се одлучува за барањето на Атина за продолжување на помошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП