Можете ли да си замислите вашиот шеф да ви поклони автомобил или да ви го плати годишниот одмор? Токму вакви, но и слични работи направиле шефовите кои се наоѓаат на топ 5 листата за најдобри шефови .
Хауард Купер
Купер ја продаде својата компанија во почетокот на оваа година. На сите свои работници (89 лица), како знак на благодарност, тој им поделил по 1000 долари за секоја година што тие ја работеле за него.
Барт Лоранг
Лоранг е директор на компанијата „FullContact“, која се занимава со софтвери, и тој, нема да верувате, на своите работници им поделил по 7.500 долари за да одат на одмор. Но тоа не е се, тој им дал и ветување дека за време на одморот нема да имаат никаква работа, нема повици, нема е-меилови, нема контакти и нема работа од било кој вид.
Брендон Росен
Претседателот на компанијата „Dan Lansman“ на еден вработен му доделил нов автомобил. „Сакам да водам грижа за своите работници и да им покажам дека го ценам нивниот труд“, објасни Росен.
Џеф Гренда
Сопственикот на „Grend Corp“, Гренда, им поделил на своите вработени 16 милиони долари во бонуси, откако оваа година ја продал својата компанија. „Седевме и размислувавме на кој начин да им се заблагодариме на луѓето кои не доведоа овде каде што моментално се наоѓаме. Ова беше доста лесна одлука за нас“, изјави Гренда.
Џо Лукен
Своето место на оваа листа го пронајде и Џо Лукен, кој по пензионирањето, на сопствените вработени им ја подари компанијата.