22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно добри вести од Европа

Конечно добри вести од Европа

evro-rast-money-evrozonata-evropa

Деловната активност во еврозоната во февруари пораснала на седум-месечен максимум, со што продолжи подобрувањето и покрај загриженоста во поглед на грчката должничка криза.

Композитниот индекс за управување со набавките (ПМИ) за еврозоната, врз основа на одговорите на илјада компании ширум регионот кој е сигурен показател за економскиот раст, порасна во февруари на 53,5 поени од јануарските 52,6 поени, задржувајќи се така над границата од 50 поени која го оделува растот од падот на секторските активности, пренесува агенцијата Франс прес.

ПМИ за услужниот сектор, кој сочинува речиси две третини од целокупната економска активност на еврозоната, порасна на 53,9 поени од јануарските 52,7 поени, додека ПМИ за производствениот сектор скокна на 51,1 поени од јануарските 51 поени.

„Постојат се повеќе показатели кои говорат дека економската активност на еврозоната се подобрува“, изјави Хауард Арчер од компанијата „IHS Global Insight“, додека главниот економист на Mаркит, Крис Вилијамсон вели дека „најновите резултати даваат оптимистична слика за унапредувањето на економското здравје на еврозоната“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП