21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција вели дека го направила она што морала да го стори за...

Грција вели дека го направила она што морала да го стори за договор со ЕУ

greee

Владата на Грција го направи она што беше должна да го стори за да постигне договор со Европската унија, но нема да прифати продолжување на финансиската помош.

Ова во Атина го изјави портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис неколку часа пред денешната клучна седница на министртите за финансии на еврогупата во Брисел.

Сакеларидис избегна да го коментира написот во германскиот веник Bild за тоа дека германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со германксиот премиер Алексис Ципрас најавила дека нејзиниот минситер за финансии Волфганг Шојбле на вечерашниот состанок ќе изнесе негативен став за Грција.

Ципрас, според владиниот портапрол, на Меркел и рекол дека неговата влада сторила се што можела за постигнување на договор, а и скренал и внимане на „хуманитарната криза“ во Грција.

Според Сакеларидис, грчката влада нема да преговара за низата економски, социјални и финансиски мерки кои има намера да ги прземе во интерес на граѓаните, а на кои се против ЕУ.

Станува збор за прописи за ослободување на најсиромашните од отплата на кредити кои не можат да ги вратат, забрана за принудна продажба на станови и куќи на должници, продолжување на задоцнетата отплата на кредити на 100 рати.

Министерот за труд на Грција, Панос Скурпетис изјави дека на денешниот состанок на министртите на еврогрупата „секому ќе му се суди по заслуги“ и дека „нема да помине крутоста на Германија“.

Според нацрт ставот на германскиот министер Шојбле за денешниот собир во Брисел, документот кој го подготвила Грција „не дава никаква основа ниту за заедничко соопштение“.

Германија затоа ќе биде против исплата на 10,9 милијарди евра помош за грчките банки, особено затоа шти успешно ја пребродиле минатата година, пренесуваат атинските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП