4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНикој не сакал да го вработи, а денес е најбогатиот човек во...

Никој не сакал да го вработи, а денес е најбогатиот човек во Кина

jack-ma-alibaba

Неговата компанија за е-трговија „Alibaba“, привлекува 100 милиони купувачи секој ден. Џек Ма денес тежи дури 20,4 милијарди долари.

Но, пред да стане најбогатиот човек во Кина, Ма поминал низ многу отфрлања од работнитe места за кои се пријавувал, вклучувајќи го и работното место во ресторанот за брза храна „Kentucky Fried Chicken- KFC“.

Во неодамнешното интервју за „Bloomberg“, овој претприемач откри дека три пати неуспешно се обидувал да го положи приемниот испит за упис на колеџ.

Откако се откажал од факултетот, Ма се пријавил на 30 различни работни места и секаде бил одбиен.

„Дури отидов и во KFC, кога овој ресторан дојде во мојот град, 24 луѓе се пријавија за оваа работа и 23 беа вработени, само јас не“, раскажува тој.

Кога Ма ја основал „Alibaba“ во 1998 година, тој се соочил со повеќе препреки.

Во првите три години не успеал да ја направи компанијата профитабилна, банките не го следеле, ниту сакале да му помогнат.

Ма затоа одлучил да лансира сопствена програма за наплата под називот AliPay. Програмата врши трансфер на исплатите во различни валути меѓу странски купувачи и продавачи.

„Со толку многу луѓе во тоа време разговарав во врска со AliPay“, вели тој, сеќавајќи се како многу пати тогаш му говореле „Ова е најглупавата идеја која некогаш сте ја имале“.

Меѓутоа Ма не се откажал „Не ми беше грижа дали тоа е глупаво или не, се додека луѓето тоа можат да го користат“.

Денес, AliPay го користат 800 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП