21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИEmirates најави мега вработувања

Emirates најави мега вработувања

Emirates-Group

Најголемата авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати, „Emirates Group“ планира до март 2016 година да отвори 11,000 нови работни места ширум светот.

Во соопштението се наведува дека околу половина од нововработените ќе работат во седиштето на компанијата во Дубаи, пренесува АФП.

„Компанијата, освен што се подготвува во флотата да вклучи 20 нови авиони, исто така сака и да регрутира нови таленти во авио-секторот, инженери, административни работници…“, се вели во извештајот.

Логистичката служба на копно „Dnata“ исто така бара персонал за работа во службите за прием на патници на аеродромите, инженери, како и експерти за комерцијални работи.

Минатата година „Emirates Group“ прими околу 500.000 барања за вработување преку интернет за повеќе од 2.000 работни места во 227 земји во светот.

Во моментот во оваа компанијата во Дубаи и ширум светот работат 75.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП