19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска бискупија откри дека е побогата од Ватикан

Германска бискупија откри дека е побогата од Ватикан

wer

Надбискупијата во германскиот град Келн откри дека располага со сума од 3,35 милијарди евра, со што е побогата од седиштето на Римокатоличката црква – Ватикан.

Објавувањето на целосниот извештај за финансиската состојба, во случајов богатството на надбискупијата во Келн, е одраз на поголемата финансиска транспарентност во католичката црква во Германија, откако папата Франциск минатата година го смени бискупот во градот Лимбург, недалеку од Франкфурт, затоа што од тајните фондови потрошил 31 милион евра за нова луксузна резиденција.

Откако папата побара реформа на целиот финансиски систем на Римокатоличката црква, Ватикан ги консолидираше разните, некои и тајни сметки во своите многубројни оддели и откри дека располага со вкупна сума од околу 3 милијарди евра, како што минатата седмица изјави секретарот на Светата столица за економија, кардиналот Греам Пел.

Објавувајќи го извештајот на Чиста среда, почетокот на големите пости, период кој го одликува откажувањето и промислата, келнските црковни достојници нагласиле дека големата сума, или богатство, служи за грижа за паствата од околу два милиона верници, 60 илјади службеници и дејци и 1.200 цркви и капели.

„Надбискупијата не продава производи, ниту има добивка од своите услуги, така што во поголем дел мора да се финансира од сопствени средства“, изјави финанскиот дирекор Херман Шхен.

Католичката и Протестантската црква земаат црковен данок кој е задолжителен за сите нивни припадници. Во извештајот се наведува дека келнската надбискупија, којашто е најголема во Германија, во 2013 година собрала 573 милиони евра од даноци, од што повеќето од половината ги потрошила на пастирска и добротворна работа.

Во извештајот се наведува дека познатата катедрала покрај Рајна чини само 27 евра, по едно евро за секоја од 26-те парцели на кои е изграден и едно евро за непроценливата градба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП