
Американската хотелска групација „Hilton Worldwide“ објави импресивна статистика за 2014 година.


Американската хотелска групација „Hilton Worldwide“ објави импресивна статистика за 2014 година.
Минатата година оваа компанија отворила 240 нови хотели под брендот „Hilton“ и другите брендови во сопственост на групацијата „Hilton Worldwide“.
Само минатата година во ланецот на „Hilton“ се додадени 40.000 нови соби со што вкупниот број на соби на оваа групација е зголемен на импресивни 245 илјади.
Во 2014 година, „Hilton Worldwide“ лансираше два нови хотелски брендa „Canopy by Hilton“ и „Curio – A Collection by Hilton“.
Две третини од приходите на „Hilton“ доаѓаат од американскиот пазар.