29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на автомобили во светот во 2013 година ќе нарасне за три...

Продажбата на автомобили во светот во 2013 година ќе нарасне за три отсто

20130306-212243.jpg

Светската продажба на автомобили, автобуси, камиони и товарни возила во 2013 година ќе нарасне за три отсто, процени Меѓународната организација на автомобилски производители (МОАП).

Според оценка на претставниците на МОАП, собрани во Женева во пресрет на утрешното отворање на Саемот на автомобили, оваа година нема да биде така успешна како минатата, кога беше забележен историски рекорд од 81,7 милиони продадени возила, што е раст од пет отсто, пренесоа француските медиуми.

Претставниците на автоиндустријата сметаат дека бројот на продадени нови автомобили во 2013 година нема да надмине 63 милиони.

Најголем раст на продажбата се очекува во Кина, како најголем светски пазар за автомобили, и тоа со раст од седум отсто или 20,6 милиони продадени единици.

На вториот по големина светски пазар на автомобили, оној во САД, продажбата ќе нарасне за шесто отсто или на 15,7 милиони автомобили.

На јапонскиот пазар, меѓутоа, ќе дојде до пад на продажбата од 12 отсто, на 4,7 милиони автомобили, што е последица на владината екононска програма за поддршка на потрошувачката по цунамито, кога дојде до голем раст во испораката на автомобили.

Германскиот пазар ќе регистрира намалување на продажбата од два отсто, на 3,3 милиони, Велика Британија од еден отсто, на 2,3 милиони, а Франција од пет отсто, на 2,2 милиони.

– Европскиот пазар на автомобили очигледно минува низ криза, изјави претставникот на меѓународната организација на автоиндустријата, патрик Блен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП