2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ одобри зголемување на изноcот на кредити за ликвидност на грчките банки

ЕЦБ одобри зголемување на изноcот на кредити за ликвидност на грчките банки

ecb-headquarters111

Европската централна банка (ЕЦБ) одобри продлабочување на програмата за кредити за ликвидност (ELA) која грчката централна банка може да им ја одобри на комерцијалните банки, а вредноста на износот е зголемена за 3,5 милијарди евра, информираше во четвртокот банкарски извор.

„Зголемувањето е одобрено“, изјави за агенцијата АФП извор од централна банка во составот на еврозоната, кој сакаше да остане анонимен.

Вкупниот износ на програмата е кренат на 68,3 милијарди евра, од 65 милијарди евра одобени пред една недела.

Пред две недели ЕЦБ им го блокираше пристапот на грчките банки до клучниот извор на финансирање, објавувајќи дека повеќе не ги прифаќа грчките државни обврзници како колатерал за кредитите во вообичаени операции на рефинансирање.

Грчките обврзници имаат неинвестициски кредитен рејтинг и според правилата на ЕЦБ не можат да служат како колатерал за кредити, но централната монетарна институција на еврозоната ги прифаќаше врз основа на програмата за меѓународна помош на Грција вредна 240 милијарди евра која истекува на 28-ми февруари.

На грчките банки им преостана програмата ELA која носи поголеми камати, од 1,55 отсто, во однос на 0,05 отсто, колку што изнесуваат во случај на редовно финансирање преку ЕЦБ.

Доколку Атина и нејзините партнери во еврозоната не постигнат договор за нова спогодба, ЕЦБ би можел да биде присилен да ги преиспита одредбите на финансирање преку ELA. Советот на ЕЦБ повторно ќе ја размотри оваа програма на седницата која е закажана за две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП