19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија рекорден број доселеници

Во Германија рекорден број доселеници

 

doselenici

Доселувањето на Германија во текот на минатата 2014-та година било за 20 отсто повеќе во однос на претходната 2013-та година, покажаа податоците објавени во четвртокот, според кои во првите шест месеци од ланската година се доселиле 667.000 луѓе.

На почетокот од 2014-та година беа укинати седумгодишните преодни ограничување на Европската унија за романските и бугарските државјани. Од 667.000 луѓе пристигнати во Германија во минатогодишното прво полугодие, најмногу доселеници има од Романија, 98.000, па следат Полјаците 96.000, Бугарите со 38.000, а од најмладата членка на ЕУ – Хрватска ги имало 21.000 доселеници што е 202 отсто повеќе отколку во првите шест месеци од 2013-та година.

Доселувањето стана важно политичко прашање во Германија, особено по појавувањето на граѓанското движење и масовното собирање што тоа ги организира родољубивите Европејци против исламизирањето на Западот (Pegida).

Водечките политичари во земјата започнаа со дискусиите за можната ревизија на законот за доселување. Имено, според германскиот државен завод за статистика, оваа е четврта година со ред да се зголемува бројот на доселениците во Германија.

Во првите шест месеци од ланската година од Германија, пак, се иселиле 427.000. Статистичарите велат дека податоците за доселувањето и иселувањето се блиску поврзани, бидејќи многумина доаѓаат во Германија во потрага за работа или азил, па за неколку месеци заминуваат доколку не им се остварат плановите.

Малку помалку од 200.000 доселеници од Германија пристигнале надвор од Европа. Голем пораст е забележан во доаѓањето на бегалците од Сирија, кои во првото полугодие од минатата година ги имало 22.000, што е за 242 отсто повеќе од истиот период од претходната година.

Исто така, и бројот на баратели на азил го достигнал нивото коешто не е забележано од почетокот на 1990-те. Минатата година азил во Германија побарале вкупно 202.834 луѓе, или 60 отсто повеќе отколку во претходната 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП