18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на цената на нафтата под притисок на големите американски залихи

Остар пад на цената на нафтата под притисок на големите американски залихи

nafta-ceni-pazari-nafta

Цената на нафтата остро падна во четвртокот на светските берзи на 59 долари, притиснати од повторниот силен скок на американските залихи и можноста од зголемување на саудиското производство, што повторно ги поттикна стравувањата од прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходното затворање, на 59,01 долари. Во претходниот ден скокна на највисоко ниво во последните два месеца, од 63 долари.

На американската берза со барелот се тргува по 2,10 долари пониска цена во однос на претходното затворање, од 50,04 долари.

Вниманието на берзите беше насочено во четвртокот на извештајот на Американскиот институт за нафта (API) кој покажа скок на залихите во минатата недела за дури 14,3 милиони барели, значително над очекуваното.

Доколку и владините официјални податоци го потврат големиот скок, тоа би ило најголемо зголемување од 1982 година од кога се прибираат овие податоци.

„Податоците за залихите предизвикаа остра надолна корекција. Во фокусот повторно е презаситеноста, но големо е прашање колку долго“, толкува Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Дополнителен притисок генерираа и пресметките на консултантксата куќа PIRA дека производството во најголемиот светски извозник Саудисја Арабија може ќе биде близу нивото од 10 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП