24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Предлогот на Грција отвора пат кон компромис за долгот

Јункер: Предлогот на Грција отвора пат кон компромис за долгот

juncker_eurogroupe8

Писмото на грчката влада со кое таа сака продолжување на финансиската помош за Грција е позитивен сигнал и отвора пат кон постигнување на компромис за долгот, изјавил во четвртокот претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер, пренесува AFP.

„Јункер одржа бројни разговори во текот на изминатата ноќ, а утрово гледам позитивни сигнали во писмото, што отвора патот кон разумен компромис во интерес на стабилноста“, изјавил портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, цитирајќи го Јункер.

Инаку меѓународните кредитори повеќепати побараа од новата грчка влада да ја продолжи постоечката програма за помош која завршува на крајот од овој месец, но Атина инсистираше дека ќе бара поинаков кредитен аранжман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП