5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМарихуаната го мами центарот за храна во мозокот и затоа предизвикува апетит

Марихуаната го мами центарот за храна во мозокот и затоа предизвикува апетит

cigara-s-marihuana-2

Познато е дека пушењето марихуана ја поттикнува желбата за солена, масна или слатка храна, дури и кај сосема ситите лица, а неодамнешното откритие укажува дека причина за тоа е промената во активноста на невроните што може да се искористи за лекување на заболените од рак коишто го губат апетитот, се наведува во студијата објавена во научното списание Nature.

Врз основа на истражувањето спроведено над лабораториски глувци, научниците утврдиле дека невроните кои со внесувањето на доволно количество храна вообичаено на мозокот му испраќаат порака „доволно е, престани да јадеш“, под влијание на марихуаната го прави токму спротивното и го поттикнува чувството на глад.

Научниците од универзитетот Јејл под водство на професорот Тамаш Хорват, се насочиле во своето истражување на рецепторите врз коишто делуваат канабиноидите, хемиските соединенија присутни во марихуаната. Канабиноидите влијаат врз невроните во мозокот коишто го поттикнуваат лачењето на таканаречениот хормон на гладот.

„Марихуаната го мами центарот за храна во мозокот и невроните кои вообичаено му испраќаат на мозокот порака дека треба да се престане со јадењето, напротив ја поттикнуваат желбата за храна“, вели Хорват.

Меѓутоа, канабиноидите не го залажуваат консументот на марихуаната така што тој ада посегне по што годе, па тој нема да посегне на пример по морков, туку во него ќе се разбуди желбата за калориски  силна храна, како  што е солен и мрсен сендвич, на пример, или са многу слатка храна.

Потребно е да се проучи сека, поради што канабиноидите ја поттикнуваат желбата за калорична или пикантна храма, но и самото ова откритие би можело да помогне во лекувањето на заболените од рак коишто го губата апетитот и не внесуваат доволно храна во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП