27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Германија повеќе од 43 милиони вработени лица

Во Германија повеќе од 43 милиони вработени лица

germanijaaaa

Во Германија повеќе од 43 милиони луѓе се вработени, што е рекорд од падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на двете Германии, покажуваат податоците за минатата година, кои денес ги соопшти Федералниот завод за статистика.

Експертите предвидуваат продолжување на тој тренд и во оваа година, а вака големиот број на вработени, односно рекорден откако е формирана новата држава, покажува дека во последниот квартал минатата година пораснал бројот на вработени за 412.000 во споредба со истиот квартал во 2013 година.

Особено големо зголемување на бројот на вработени лани било забележано во секторот за услуги, јавниот сектор, образованието, трговијата, сообраќајот и угостителството.

Во производството, освен во градежништвото, зголемен е бројот на вработени лани во споредба со претходната година за 0,5 проценти, а во градежништвото за 0,8 и во земјоделството за 2,1 проценти.

Германската индустриска и трговска комора проценува, како што се наведува, дека и во оваа година ќе продолжи трендот на раст на вработените и дека ќе бидат отворени околу 200.000 нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП