26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNew England Media Group и официјално на продажба

New England Media Group и официјално на продажба

times

Компанијата „New York Times“ ги објави плановите за продажбата на „New England Media Group“ во чиј состав се „The Boston Globe“, „Boston.com“ и „The Worcester Telegram & Gazette“. Тие исто така планираат да продадат и 49 проценти од својот удел во „Metro Boston“.

„Нашиот план да ја продадеме „New England Media Group“ ја демонстрира нашата посветеност на стратешкиот фокус и вложувања во брендот „New York Times“ и неговото новинарство“, изјавил Марк Томпсон кој е претседател и генерален директор на „The New York Times Company“.

Тој притоа додава дека се горди на нивната соработка со „Globe“ и „Telegram & Gazette“, но водејќи сметка на разликите меѓу тие весници и „New York Times“ и гледајќи на долг период, продажбата би била во најдобар интерес за нив и нивните вработени.

„The New York Times“ во 1993-та година го купи „Globe“ за 1.1 милијарди долари. Под сопственост на „Times“, „Globe“ десетпати ја доби Пулицеровата награда и многу други признанија, но во последните години „Globe“ на „Times“ му носеше само загуба. Претходниот план за продажба беше во 2009-та година, но беше откажан поради тоа што вработените на „Globe“ ги прифатиле мерките за штедење, како и намалувањето на нивните плати.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП