5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасположението на швајцарските инвеститори остро падна по потегот на SNB

Расположението на швајцарските инвеститори остро падна по потегот на SNB

shvajcarija54564

Расположението на швајцарските инвеститори забележа во февруари најголем месечен пад во историјата, откако централната банка го укина ограничувањето на растот на курсот на франкот, со што се влошија економските изгледи на Швајцарија.

Швајцарската централна банка минатиот месец ги шокираше финансиските пазари укинувајќи го ограничувањето на курсот од 1,2 франци за евро, предизвикувајќи раст на вредноста на националната валута и пад на цените на акциите, што ги поттикна економистите да прогнозираат рецесија за извозно ориенираната економија.

Показателите на расположението на швајцарските инвеститори падна во февруари за 62,2 поени, на минус 73 поени, објави во средата Credit Suisse, која го објавува индексот во соработка со германскиот инстиут за економски истражувања ZEW.

„Најголемото месечно понирање во историјата на овој показател покажува дека анкетираните финансиски аналитичари прогнозираат многу полоша изведба за швајцарската економија откако е укинато ограничувањето на валутниот курс“, објави во соопштението банката.

Последен пат економските изгледи на Швајцарија биле волку мрачни во септември 2011 година, соопшти Credit Suisse, наведувајќи меѓутоа дека индексот е далеку над нивото кое е забележано во текот на економската криза кон крајот на 2008 година.

Додека Швајцарската народна банка објави дека е прерано да се прогнозира дали државата ќе падне во рецесија поради укинување на ограничениот курс, швајцарскиот економски институт KOF за оваа година прогнозираше два последователни квартални пада при јакнење на курсот на франкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП