18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНезири во работна посета на Турција

Незири во работна посета на Турција

bekim neziri 22

Министерот за економија Беким Незири во четвртокот отпатува во работна посета на Република Турција, во рамки на која во петок ќе учествува на отварањето на 3. Меѓународен балканскиот економски самит, кој се одржува во Бурса.

Самитот се одржува под покровителство на Владата на Република Турција, а главна тема е „Општините и економскиот развој – соработка на Турција со Балканот“.

Предвидено е Незири пред претседателите на држави и влади и колегите министри од балканските земји да го претстави моделот на рамномерен економски развој во  Македонија, овозможен со развојот на технолошко-индустриските развојни зони и можностите за инвестирање, како главен двигател на економскиот раст во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП