27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P 500 падна од највисокото ниво

S&P 500 падна од највисокото ниво

sp 500

Берзанскиот индекс S&P 500 благо се спушти од рекордното ниво во средата на Волстрит, најмногу заради падот на цената на нафтата, што ги притисна акциите во енергетскиот сектор, додека поддршка на берзата и пружија сигналите на Фед дека нема да брза со кревањето на каматите.

Dow Jones ослабна 17 поени, или 0,10 отсто, на 18.029 поени, а S&P 500  се намали за 0,03 отсто, додека, пак,  Nasdaq зајакна за 0,14 отсто, на 4.906 поени.

Најмногу вчера, за 1,5 отсто, паднаа цените на акциите во енергетскиот сектор, што е последица на падот на цената на нафтата за над 2,5 отсто.

По повеќедневниот раст, на американската берза цената на барелот, вчера падна за над 3 отсто, на 50,65 долари, додека на лондонската  берза падна за 1 долар, потонувајќи под нивото од 60 долари.

Притисок на цената на црното злато уследи по податокот на Американскиот нафтен институт дека минатата недела залихите во САД скокнаа за 14,3 милиони барели, на рекордно ниво, додека аналитичарите очекуваа раст за 3,2 отсто. Доколку податоците денеска ги потврди и извештајот EIA (Energy Information Administration), тоа би бил најголем дневен скок на залихите од кога се следат овие податоци.

„Цената на нафтата падна поради стравувањето дека повеќедневниот раст на цената е претеран поради се уште преголемата понуда во однос на побарувачката.

„Од средината на јануари цените пораснаа за 34 отсто, што е последица на затворањето на ископините и намалување на инвестициите на нафтените компании, но тоа сеуште не резултираше со намалување на производството“, наведуваат аналитичарите на банката ANZ.

Од друга страна, поддршка на берзите им пружи и вчера објавенио записник од јануарската седница на Фед, кој покажува дека челниците на американската банка се плашат дека прераното зголемување на каматните стапки би можело да го загрози закрепнувањето на економијата.

„Се покажа дека повеќе челниците на Фед изразиле загриженост дека економијата не е доволно силна за нормализација на монетарната политика“, вели Ален Гејли, стратег во фондот RidgeWorth Investments.

По импресивниот скок од пет отсто во третиот квартал од минатата година, во последното тромесечје растот на американскиот БДП забави на 2,6 отсто, па инвеститорите стравуваат дека прераното заострување на монетарната политика од страна на Фед би го загрозило закрепнувањето на најголемата светска економија.

Сепак, сигналите дека Фед би можел да ја одложи одлуката за зголемување на каматите не успеа да ги придвижи цените на акциите во позитивно подрачје.

Меѓу останатите, и поради тоа што инвеститорите ги загрижува грчката должничка драма, која би требало да се расплете до крајот на неделата. Вчера ЕЦБ благо го зголеми износот на итни заеми за ликвидност на грчките банки, кои се под притисок од одлив на депозити на граѓаните и компаниите кои стравуваат од банкрот на државата.

На внимателноста на инвеститорите укажува и поскромниот обем на тргување. На американските берзи вчера беа истргувани 6 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во овој месец изнесува 7,2 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП