18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ и одобрила на Грција 68 милијарди евра за две недели

ЕЦБ и одобрила на Грција 68 милијарди евра за две недели

grcija evro

Европската централна банка и одобрила на Грција двонеделно продолжување на ликвидноста во износ од 68 милијарди, евра, дознава Ројтерс.

ЕЦБ минатиот четврток го зголемила износот на програмата за итните кредити со кои грчката централна банка може да ја поттикне ликвидноста на комерцијалните банки на 65 милијарди евра.

Централната монетарна институција на еврозоната пред две недели дефакто го блокираше пристапот на грчките банки до клучниот извори за финансирање, објаснувајќи дека повеќе нема да ги прифаќа грчките државни обврзници како колатерал за кредити.

ЕЦБ инаку не може да ги прими како колатерал обврзниците со неинвестициски рејтинг, како грчките, но таа сепак го правеше тоа врз основа на 240 милијарди евра вредната програма од меѓународните кредитори одобрена за Грција.

Програмата истекува на 28. февруари, а кредиторите, вклучувајќи ги и ЕУ и ММФ, бараат од Атина да се продолжи програмата. Грчката влада го одбива тоа и сака да преговара за условите за враќање на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП