19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France-KLM се врати кон профит

Air France-KLM се врати кон профит

KLM_AIR-FRANCE-fly

Француско-холандската авиокомпанија „Air France-KLM“ оствари добивка за четвртиот квартал, но рече дека ќе го намали својот план за инвестиции во износ од 600 милиони евра во следните две години. Причината за тоа е несигурната европска економија и загриженоста за зголемената конкуренција во секторот.

Профитот на компанијата за четвртиот квартал се зголеми до 316 милиони евра во споредба со загубата од 1,18 милијарди евра, забележана во истиот период на 2013-та година. Профитот пред камати, даноци и амортизација – клучна мерка за резултатите од работењето на авиокомпаниите, сепак падна за 17% до 316 милиони евра од 382 милиони евра, една година порано.

Приходите за четвртиот квартал достигнаа 6,21 милијарди евра – малку повеќе од постигнатите во претходните 12 месеци 6,12 милијарди евра.

За целата година компанијата објави пад од 2,4% на приходите или 24,9 милијарди евра од 25,5 милијарди евра. Загубата за целата година пак се собираа до 198 милиони евра од 1,83 милијарди евра.

Најголемата европска авиокомпанија посочи дека ќе забави или ги одложи нарачките на големи авиони и најверојатно ќе повлече дел од своите стари машини порано од очекуваното.

„Глобалната ситуација е предизвикувачка и испраќа мешани сигнали. Имаме причина да бидеме претпазливи“, вели главниот извршен директор Александар де Жуниак.

Air France-KLM“ уште се бори да го најде вистинскиот пат за зголемување на профитот и контракција на долговите, откако побарувачката на Стариот континент се намалува поради заостанувањето на економијата. Истовремено блискоисточните превозници се развиваат агресивно, проширувајќи ги флотите и нудат меѓународни дестинации.

Во меѓувреме компанијата се уште ги чувствува последиците од 14-дневниот пилотски штрајк кој ја чинеше групацијата 425 милиони евра.

Иако „Air France-KLM“ ја започна 2014-та година со оптимистички прогнози, компанијата на три пати ги намали очекувања за профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП