10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција од оданочувањето на богатите собра 400 милиони евра

Франција од оданочувањето на богатите собра 400 милиони евра

francijakrizafrance

Данокот од 75 проценти за годишните приходи на Французите поголеми од милион евра во текот на 2013 и 2014 година и донесе на француската држава околу 400 милиони евра.

Прелиминарните бројки од собраниот данок ги претстави вчера на седницата на парламентарната комисија за финансии секретарот на државниот буџет, Кристијан Екерт.

Данокот наплатен од најбогатите, кој беше предизборно верување во текот на претседателската кампања во 2012 година на сегашниот француски претседател Франсоа Оланд е воведен за приходите од 2013 и 2014 и тој е укинат на 1.февруари 2015 година, пренесува весникот Еко.

Конечните бројки од собраниот износ од данокот за најбогатите во 2014 година ќе биде објавен на 30.април оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП